Menu

Измир Велигден 2026

цена од

429

EUR

сега од

379

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
10.04.2026
13.04.2026
Авион
Хотел

Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот Измир е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејскиот брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.

                                                                                   Промо цена 379е  за резервации заклучно до 14.03.2026

Што е вклучено во цената

  • Директен авионски лет со Pegasus Airlines согласно следниот итенерар и согласно политика на авиокомпанијата :
  • 10.04.2026  PC1572   Skopje – Izmir       06:40 08:55           P             PAGT/QC
  • 13.04.2026  PC1571   Izmir – Skopje       11:45 12:00           U            UAGT/QC
  • Вклучен чекиран багаж од 20 кг по лице и рачен кабински багаж од 8кг по лице согласно политика на авиокомпанија
  • Три ноќевања со појадок во хотел Piano 3* (https://pianohotel.com.tr/) во Измир
  • Туристичка такса
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Пешачка тура низ Измир со локален водич на англиски јазик ( посета на Кемералти базар, Саат кулата, Кордон)
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за еднокреветна соба 85€
  • Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со водич – 45€ по лице (за минимум 20 лица) –Пазариери џамија (во којашто е сочуван олтарот на црквата Свети Константин), вклучена влезница за замокот во Чешме, посета на марината на Чешме како и Елеваторот во Измир на познатата Дарио Морена улица.
  • Целодневна факултативна посета на Ефес со локален водич на англиски јазик (без влезница), посета  на Куќата на Богородица ( со вклучена влезница), посета на православното село Ширинџе и посета на градот Кушадаси – 85 по лице (за минимум 10 лица)
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци

План и програма

Прв ден: 10.04.2026 (петок)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 06:40 часот и слетување во 08:55 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Во 12:00 часот започнува организирана пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќниот живот. Ноќевање.

Втор ден: 11.04.2026 (сабота)

Појадок. Во 09:00 часот состанок на групата и факултативно заминување кон волшебното, недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка пешачка градска тура со посета на Пазариери џамија во која сеуште постои олтарот на црквата Свети Константин која веднаш после прогласување на републиката била претворена во џамија. Време за индивидуални активности. Заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Посета на марината во Чешме. Посета на замокот на Чешме. Слободно време за ручек. Заминуваме кон Измир со попатна посета на лифтот од кој има преубав поглед на целиот град. Слободно време за кафе на познатата улица Дарио Морено. Планирано враќање во хотелот во 18:30 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Трет ден: 12.04.2026 (недела)

Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА, селото Ширинџе и Кушадаси. Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Антички Ефес – легенда за Грците и Римјаните, најголемото поле со урнатини во светот, сместено под врвот Пион и Булбулдаа, во близина на третото светско чудо – Храмот на Артемида – најголемиот музеј под отворено небо во модерна Западна Турција, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на  Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета од целиот христијански свет каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Да се поклониш и да запалиш свеќа пред иконите – една за живите и една за покојните, духовно да се прочистиш, да се напиеш вода од лековитиот извор за здравје, љубов и среќа, да се полееш за најблиските и да врзете белешка со желба на Ѕидот на желбите… Одличен спој на античка приказна и архитектура. По завршување на посетата на Ефес и куќата на мајка Богодорица се упатуваме кон Кушадаси. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Во попладневните часови се упатуваме кон православното село Ширинџе, каде ќе имате можност да го вкусите светски познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век е познато по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Во селото ќе видите остатоци од неколку римски аквадукти бидејќи селото било важен извор на вода за древниот Ефес. Тој е добро заштитен, редок и атрактивен пример на отоманската христијанска архитектура. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.

Четврти ден: 13.04.2026 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотел. Заминување и трансфер кон аеродром во 08:00 часот локално време. Полетување за Скопје во 11:00 часот. Пристигнување во Скопје во 11:20 часот локално време.

Сместување

Хотел

Piano 3* (https://pianohotel.com.tr/) во Измир

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот.
  • Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби
  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд)
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е 10 дена пред термин на поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој во сообраќајот, доцнење на летот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување  се прави до 5 дена пред термин на патување, плаќање на излетите се прави на лице место
  • Организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени лица за факултативите, истите да ги откаже или да ја зголеми цената
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници или виша сила
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Aлачати и Чешме

Цена за пакет: 45е

Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со водич (за минимум 20 лица)  – Пазариери џамија (во којашто е сочуван олтарот на црквата Свети Константин), вклучена влезница за замокот во Чешме, посета на марината на Чешме како и Елеваторот во Измир на познатата Дарио Морена улица.

Посета на Ефес,Ширинџе и Кушадаси

Цена за пакет: 85е

  • Целодневна факултативна посета на Ефес со локален водич на англиски јазик (без влезница), посета  на Куќата на Богородица ( со вклучена влезница), посета на православното село Ширинџе и посета на градот Кушадаси – (за минимум 10 лица)

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања